17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шестгодишник во САД на училиште донел наполнет пиштол

Само еден ден откако маж во Охајо пријавил во полиција дека од неговиот дом исчезнал полуавтоматски пиштол, оружјето било пронајдено во училишниот ранец на неговиот внук.

Шестгодишното момче вчера го донело наполнетиот пиштол во училиште во Колумбус, Охајо, соопшти локалната полиција. Наставниците дознале дека тој има оружје откако го покажал пиштолот на друг ученик. Веднаш му го одзеле пиштолот и повикале полиција.

„Мислам дека во прашање е љубопитност“, рече детективот Дејв Бучи на прес-конференција, додавајќи дека момчето нема да биде обвинето за недозволено носење оружје.

„Сепак, овој инцидент можеше да има поинаков исход и можеше да биде најлошиот ден во историјата на училиштето“, предупреди Буси.

Статистиката вели дека годишно во САД од огнено оружје умираат повеќе ученици отколу полицајци. Многу од овие трагични настани се ненамерни./Makfax