Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Инспекторите со засилени мерки против палењето стрништа во Кочанско

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Државниот испекторат за земјоделство најавија засилени мерки против масовното палење стрништа.

„Мобилни екипи од инспектори и други надлежни службеници работат во смени и постојано се на терен, со цел да ги откријат лицата што ги палат оризовите стрништа вo Кочанско и да го спречат ширењето на оваа појава. Задача на овие екипи е да интервенираат секојдневно, вклучително и во деновите на викендот за да се намали загадувањето на воздухот од согорувањето на оризовата слама по нивите во Кочанско“, велат од Министерството.

Со цел да ја согледа состојбата на теренот и да се запознае со актуелните проблеми на лице место, вчера во посета на Кочани и на средба со градоначалникот Николчо Илијев беше Зоран Шапуриќ, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.

„Не смее да продолжи палењето на стрништата. Јавната свест мора да се подигне и компромис не треба да има – сите прекршители да бидат казнети. Ние нема да отстапиме од намерата да ѝ ставиме крај на оваа штетна појава. Доколку сите досега преземени мерки не дадат резултат, ќе предложиме измени во законот, правото на субвенции да биде поврзано со незапалени стрништа“, рече Илијев.

Савка Веселинова, државен земјоделски инспектор, нагласи дека контролите на терен се засилени и дека оваа година на терен имаат откриено вкупно 15 сторители против кои веќе имаат поднесено соодветни пријави. Од Министерството посочуваат дека сторителите многу тешко се откриваат, а ветерот неконтролирано го проширува пожарот така што се нанесуваат штети и на други површини со несобран род.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +