14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: НАТО е пред умирање, а Европа е на работ на бездна

Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за британски „Економист“ рече дека НАТО е пред умирање и ги предупреди европските земји дека веќе не можат да се потпираат на САД да ги бранат своите сојузници.

Макрон рече дека силата на НАТО се намалува, бидејќи САД им свртеле грб на сојузниците.

„Она што во моментот го доживуваме е мозочна смрт на НАТО. Европа е на работ на бездна“, рече Макрон во интервјуто.

Тој додаде дека Европа мора да започне да размислува стратешки за себе како геополитичка сила.

„Во спротивно, Европа повеќе нема да ја контролира сопствената судбина“, рече Макрон.

Макрон додаде дека досега Америка и Европа имале заеднички интереси и дека тој неуморно работел на одржување на добри односи со претседателот Доналд Трамп./Makfax

Спонзорирано: