17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претставник на Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер „идиот“

Северна Кореја го нарече јапонскиот премиер Шинзо Абе идиот, откако тој неодамна ја критикуваше неодамнешната воена проба на оваа земја.

Во изјавата што му се припишува на официјален претставник од Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Абе е опишан како „идиот и негативец“, кој претерано реагирал на наводната ракетна проба минатата недела, во ситл како да е фрлена нуклеарна бомба на јапонска територија.

Во изјавата се исмеваат претходните коментари на Абе, како оној дека е подготвен да се запознае со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун без услов, при што се истакнува дека би било паметно да не сонува дека некогаш ќе го премине прагот на Пјонгјанг./Makfax

Спонзорирано: