Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес конференција ја објави насловната страница од интервју на Христијан Мицкоски за Вечерњи лист, пораката на Мицкоски е дека одлуката да го блокраат нашиот почеток на преговорите со ЕУ е исправна.

-Цела Европа, цел свет вели дека тоа е историска грешка, само Христијан Мицкоски дека „Макрон е во право кога не блокираше“. Христијан Мицкоски е единствениот кој се радува што ЕУ направи историска грешка и не додели почеток на преговорите со ЕУ. На сите им е јасно дека одработевме се што беше потребно, дека одлуката на ЕУ е поради внатрешни проблеми на Унијата, само Христијан Мицкоски делува против државата. Граѓаните ќе го казнат ова антидржавно и срамно однесување на Христијан Мицкоски на 12 април. Со таквите ставови Мицкоски уште еднаш потврди дека е заглавен во антизападната матрица на неговиот ментор Никола Груевски. Лицемерие, блеф, лажен патриотизам, антидржавно и антизападно однесување, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е обновата на режимот. Граѓаните не сакаат враќање на режимот, не сакаат враќање назад, изолација и неизвесност. Со таквата понуда Мицкоски со сигурност го очекува пораз на следните парлементарни избори, изјави Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +