11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган предупредува дека терористи блиски до Багдади се обидуваат да влезат во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека терористите од опкружувањето на убиениот лидер на т.н. Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, се обидуваат од Сирија да влезат во Турција.

Ердоган исто така истакна дека бројот на луѓето кои се роднински поврзани со Багдади, а заробени од турските сили е речиси двоцифрен.

Турскиот претседател објави дека турските сили уапсиле една од сопругите и ќерките на Багдади.

„Соединетите Држави објавија дека Багдади се самоубил во тунел и започнаа кампања за тоа. Но, ова го објавувам за првпат тука: Ја заробивме неговата сопруга и не зборувавме за тоа гласно насекаде, како нив. Ние, исто така, ги заробивме неговата сестра и зет во Сирија“, рече Ердоган во говорот на универзитетот во Анкара./Makfax

Спонзорирано: