4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Помпео во Германија ги обиколува американските трупи

Американскиот државен секретар Мајк Помпео престојува во дводневна посета на Германија за да се сретне со лидерите и да ги посети американските војници кои се таму стационирани.

Помпео ќе посети пет градови, вклучувајќи го и Биндлахер Берг во Баварија, каде што е американската воена база во која служеше како командант на тенковска единица во 1980 година.

Тој ќе одржи говор во Берлин, истакнувајќи ја улогата на САД во помагање на Источна и Централна Европа „да се ослободи од јаремот на комунизмот“, соопшти Стејт департментот./Makfax