Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев го повика Мицкоски да дојде во Струмица: Да дојде тука да го види предавникот Заев кој што се откажал од егејците, бежанците, да оди во бежанскиот парк да го види споменикот

– Не му поминуват лагите на Мицкоски затоа што се знае, еве да го повикаме ние струмичани и да дојде тука. Кај нас викаат од кај ти е жената од таму ти е родата, да дојде да се прошета во Струмица, да го види предавникот Заев кој што се откажал од егејците, бежанците, да оди во бежанскиот парк да го види споменикот, порача премиерот Зоран Заев вечерва од Струмица, соопштувајќи дека во негово време е изграден и споменикот на Цар Самоил и споменикот на Борис Трајковски.

-Вистински патриот е тој кој што си ја почитува својата историја, си ја вреднува, си ја чува и гледа напред, ја користи за во иднината, затоа што нема поважно од иднината на нашата земја.

Ако сме вистински патриоти ако си ги сакаме своите деца и млади, ако водиме грижа за нашата земја, нема да дозволиме земјата наша да скршне од правиот пат. Доста ни беа сокаци, и криви патишта, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК