5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Чeтворица убиени на забава за Ноќта на вештерките во Калифорнија

Најмалку четири лица се убиени, а повеќе се повредени при пукање на забава за Ноќта на вештерките во Калифорнија, јави каналот „Еј-би-си њуз“.

Според локалните медиуми, пукањето се случило во куќа каде се одржувала забава за Ноќта на вештерките, која била изнајмена преку услугата „Ер би-ен-би“.

На забавата имало над 100 луѓе, веројатно локални студенти.

Журката била организирана преку Инстаграм, а во поканата пишувало дека почетокот е во 22 часот по локално време.

Пукањето се случило само 45 минути подоцна./Makfax