Centar.mk
ЛОКАЛНО

Улиците Бихаќка и Црниче в недела ќе бидат затворени за сообраќај

Градот Скопје известува дека во недела, 3 ноември, ќе продолжи асфалтирањето на дел од улицата Бихаќка и улицата Црниче, на потегот од улицата Фредерик Шопен до подвозникот.

Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата „Милениумски крст“ нема да биде во функција од вторник до петок

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК