12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Над 65 луѓе загинаа во пожар во воз во Пакистан

Најмалку 65 лица загинаа во пожар кој избил во воз во пакистан. Полицијата соопшти дека пожарот избил откако експлодирала плинска боца, која патниците ја користеле да си подготват појадок.

Од службата за вонредни ситуации соопштиле дека неколкумина повредени се во критична состојба, откако биле извлечени од пламените јазици. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте.

Министерот за железници изјавил дека поголем број од патниците загинале излегувајќи од возот. Според информациите, пожарот избил во моментите кога возот се приближувал до градот Лиакватруп во Пунџабу.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот и во тек е акција за извлекување на преживеани.

Возот се движел од Карачи, главен град на јужната провинција Синд, а крајната станица требало да биде Рауалпинди. Во операцијата учествуваат и припадници на пакистанската војска./Makfax

Спонзорирано: