11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) САД објави први снимки од убиството на Багдади

Американскaта армија објави први видео снимки од акцијата на американските војници, во која минатиот викенд беше убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади. Американскиот командант генерал Кенет Мекензи Јуниор на прес конференција рече дека во тунелот загинале две деца на Багдади, не три како што претходно беше објавено.

Снимките се објавени и на социјалните мрежи на Централната команда на американската армија (ЦЕНТКОМ). Во акцијата во северна Сирија учествуваа осум хеликоптери.

Багдади, како што информираше американскиот претседате, Доналд Трамп во неделата, се самоубил со активирање на експлозивен елек, при што ги убил и неговите три деца.

Трамп денеска ќе им врачи Медал на честа на војниците кои ја спроведоа акцијата.

Багдади е основач и лидер на терористичката група Исламска држава од 2010 година, а со години не се знаеше каде се наоѓа.

Медиумите и претходно повеќепати јавуваа дека е убиен во операции во Ирак и Сирија, но тоа никогаш не беше официјално потврдено./Makfax

Спонзорирано: