8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Колумбија убиени петмина припадници на домородно племе

Петмина припадници на домородно племе се убиени, а шестмина повредени во колумбиското место Такуејо, соопшти колумбиската армија.

Според првичната истрага, масакрот се случил како одмазда за заробувањето тројца припадници на поранешните Револуционерни вооружени сили на Колумбија.

Домородците биле нападнати од мажи во црно возило, кои отвориле оган и кон возилото на брзата помош кое дошло да им помогне на повредените, соопшти Здружението на домородците од Северна Каука.

Десетици водачи на домородците беа убиени по потпишувањето на историскиот мировен договор во Колумбија во 2016 година бидејќи нелегалните вооружени групи и дисиденти сакаат да воспостават контрола над поранешната територија на бунтовниците и профитабилните патишта за дрога./Makfax

Спонзорирано: