25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција планира да врати два милиона бегалци на северот на Сирија

Турција планира да врати најмалку два милиона бегалци во северниот дел на Сирија, каде што Анкара ја спроведе операцијата „Извор на мирот“, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, по разговорите во форматот Астана со рускиот и иранскиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и Џавад Зариф.

„Наша цел е враќање на бегалците и тоа треба да биде безбедно, да се спроведе во согласност со меѓународното право, како и во координација со агенциите на ОН. Сметаме дека два милиона бегалци може да се вратат на територии ослободени од терористите“, рече Чавушоглу.

Тој го нарече формирањето на сирискиот Уставен комитет голем и храбар чекор напред во процесот на политичкото решавање на сириската криза.

Министрите за надворешни работи на Русија, Турција и на Иран одржаа разговори во форматот Астана во Женева. Тие разговараа за ситуацијата во Сирија и формирањето на сирискиот Уставен комитет, кој денеска ќе ја одржи својата прва седница./Makfax