20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Индиец со автомобил излета во река, сакајќи да го спаси детето, го фрли во мост

Во Индија деновиве се случила зачудувачка сообраќајна несреќа, од која се појавија снимки и на интернет.

Возач со својот автомобил излета во река, откако се судри со камионет. Кога возилото заврши во водата тој го извлече детето од него и го фрли кон мостот за да го спаси.

https://youtu.be/BeLiJS6fmjw

Но, детето удри во мостот и повторно падна во вода.

Минувачите кои се насобраа на мостот, брзо дотрчаа за да помогнат.

Семејството било среќно спасено и пренесено во болница. Несреќата се случила во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, во централна Индија./Makfax