24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бабовски: Исплатени речиси 138 милиони денари за субвенци за градинарски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на сметките на 2.944 субјекти, исплати речиси 138 милиони денари за градинасрки култури, предадени во преаботувачки капацитети.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека станува збор за исплата на средствата од мерката 1.7, односно, исплатени се субвенциите од дополнителната мерка за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети.

Средствата за оваа намена, како што информираат од Агенцијата, се исплаќаат на земјоделците во време кога е во полн ек подготовката и почетокот на есенската сеидба на градинарски култури за новата реколта.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пред неколку дена исплати и 195 милиони денари за предадено млеко и за оризова арпа. Од вкупната сума 153,4 милиони денари легнаа на сметките на млекопроизводителите и 41,4 милиони денари на сметките на 1.130 оризопроизводители, за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, која се донесе поради нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката и многу ниската откупна цена. Со оваа, нова дополнителна субвенција се поттикна договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, информираат од Агенцијата./Makfax