3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Деливоријас на Фестивал на грчки филм: Имаме шанса да се запознаеме како културни ентитети

Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи на 25 октомври во клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.

Деливоријас пред доаѓањето во Скопје рече дека со нетрпение го очекува настапот. По сите тие години на политички превирања, вели Деливоријас, имаме шанса да се запознаеме како луѓе и како културни ентитети.

„Знам дека некои политичари – од мојата земја и од вашата земја, исто така, се потпираат на нашите разлики, од нашите причини да се конфронтираме. Јас, како и сите уметници, барам комуникација помеѓу многу различен вид на луѓе. Ми се допаѓаат конфронтациите, но на еден сосема друг начин: Сакам да ја доведам кај вас нашата убавина и да се соочам со вашата. Сакам да научам, да бидам под ваше влијание, додека сум јас. Тоа е мојот политички став, ако може така да се рече“, вели тој.

Додаде дека за настапот избрал 15 песни и инструменти што ги отсликуваат грчката кинематографија и нејзината историја, нејзините опсесии и нејзиниот шарм. Станува збор за песни од Хаџидакис и Теодоракис, од стари грчки популарни мјузикли, или песни од филмовите на Ангелопулос и Лантимос.

Запрашан со кои музичари ќе настапи, Деливоријас одговори дека Антонис Сусамоглу е врвен грчки виолинист. Тој е прва виолина во Државниот оркестар на Солун и карактеристичен аранжер и композитор. Со него соработувале и во симфониски концерти и во саундтракот. Џорџ Кацанос е познат мулти-инструменталист во Грција, фигура налик на Том Вејтс. Тој е „onе-man“ бенд. Со него често ја делат сцената и се нарекуваат себеси „Големиот бенд“! За Нефели Фасули изјави дека е инспиративен млад пејач, одличен уметнички партнер со кој соработуваат извесно време./Makfax

Спонзорирано: