10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мексико: Уапсени над 30 осомничени членови на нарко картели

Мексиканските безбедносни сили уапсија во Мексико Сити 31 лице поради сомнеж дека се поврзани со нарко картелите, а во акцијата се запленети 50 килограми синтетички дроги, повеќе од два тона марихуана и 20 килограми кокаин.

Властите во земјата истакнале дека апсењата се извршени за време на рацијата спроведена во прикриени лаборатории за дрога и подземни тунели, кои нарко картелите ги користат за пренос на дрога во квартот Тепито, во центарот на Мексико Сити.

Британската агенција наведе дека мексичките безбедносни сили на „Твитер“ објавиле видео снимка на која се гледаат војници со воена опрема додека со паркирани оклопни возила ги блокираат крстосниците во близина на местото на кое е извршена рацијата.

Во акцијата запленети се 50 килограми синтетичка дрога, над два тони марихуана и 20 килограми кокаин./Makfax

Спонзорирано: