15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин со Ердоган: Ситуацијата во Сирија е критична

Рускиот претседател Владимир Путин му рече на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека ситуацијата во Сирија е критична и истакна дека токму затоа разговорите со него се многу важни.

„Ситуацијата во регионот е многу критична, тоа го разбираме. Мислам дека нашата средба денес и консултациите се особено изискувачки“, рече Путин на почетокот на разговорите во Сочи.

Во исто време, тој изрази надеж дека нивото на турско-руските односи ќе овозможи одговори на сложените прашања за решавање на сириската криза и во интерес на Русија и во интерес на Турција./Makfax