11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пенс и Помпео во Анкара вршат притисок врз Ердоган

Потпретседателот на САД и државниот секретар, Мајк Пенс и Мајк Помпео, денеска пристигнаа во Турција со мисија да ја убедат Анкара да стави крај на офанзивата против курдските борци во североисточна Сирија.

Пенс и Помпео во турската престолнина ќе се сретнат со претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тие ќе го предупредат Ердоган дека Вашингтон ќе ги заостри економските санкции ако продолжи офанзивата против курдските борци.

Претходно, Ердоган изјави дека ќе се согласи на прекин на огнот само доколку курдските сили ги напуштат клучните позиции во Сирија.

Американските власти признаваат дека има мали шанси за итно запирање на офанзивата.

Трамп последниве денови трпи критики поради напуштањето на курдските борци, главните партнери на Вашингтон во борбата против Исламската држава бидејќи нареди повлекување на американските сили од границата кога на 9 октомври Турција ја почна офанзивата.

Американскиот претседател, сепак, ја брани својата одлука нарекувајќи ја стратешки брилијантна./Makfax