7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индијка прогласена мртва двапати од две болници

Во она што е веќе наречено прв официјален случај во Индија на т.н. феномен на Лазар, 45-годишна жена била прогласена мртва двапати од две градски болници во период од неколку часа.

Жената страдала од хронично опструктивно белодробно заболување, воспалителна состојба на белите дробови што сериозно влијае на протокот на воздухот. Таа била примена во болница на лекување, но наводно била прогласена за мртва во владината Специјалистичка болница 16 во Чандигар и заведена како таква.

Нејзиното ужалено семејство наводно чекало во болницата околу три часа за да дојде амбулантно возило и да ги однесе нејзините останки во нивниот дом за да може да ги подготват погребните процедури за жената.

Меѓутоа, на патот кон семејниот дом нејзините вознемирени роднини виделе дека телото на жената се грчи и отишле во друга болница. За жал, по два часа обиди за реанимација, жената била прогласена за официјално почината вторпат во ургентниот центар на владиниот Медицински колеџ и болница во Чандигар.

„Во медицинска смисла ова се нарекува феномен на Лазар и досега се пријавени само 38 вакви случаи“, вели д-р Дасари Хариш, раководител на одделението за судска медицина.

Формирана е комисија за да утврди дали се случила каква било можна форма на злоупотреба во текот на целиот инцидент, но не биле откриени несоодветности.

Хариш посочува дека некои лекови за спасување што им се даваат на пациенти во кризни ситуации може да имаат подолготрајни ефекти отколку што се сметало порано и навистина може привремено да ги оживеат пациентите по официјалното прогласување за мртви./Makfax