3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во еден ден, два земјотреса ја стресоа Струмица

Земјотрес со јачина од 2,5 степена по Рихтер бил почувствуван во Струмица, вчера околу 21 часот и 40 минути, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Тоа е втор земјотрес регистриран на подрачјето на Струмица во период од еден ден, со оглед на тоа што и вчера наутро градот го стресе земјотрес со јачина од 2,6 степена.

Вториот земјотрес кој се случил вечерта бил почувствуван од населението во околината на Струмица со интензитет од III степени, според Европската макросеизмичка скала./Makfax

Спонзорирано: