Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 летови

Поради протестите во Шпанија откажани се 45 летови на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала штета при судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

Како што се наведува, откажаните летови се дел од 110 летови откажани во текот на вчерашниот ден.

Протестите ескалираа вчера откако Врховниот суд на Шпанија осуди деветмина каталонски сепаратисти на 9 до 12 години затвор.

Портпаролот рече дека нема податоци за бројот на патници кои се погодени со откажувањето летови./Makfax