14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одбележување на Светскиот ден на храната

Во ОУ “Крсте Мисирков”, во скопската општина Гази Баба, утре со почеток во 10:30 часот, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во партнерство со ОУ “Крсте Мисирков” и граѓанската организација “Слоу Фуд Водно” ќе го одбележат Светскиот ден на храната, под мотото “Нашите дејства се наша иднина!ЗДРАВА ИСХРАНА за #СветбезГлад”.

Од 1945 година, на 16 октомври секоја година го славиме Светскиот ден на храната и тоа на роденденот на ФАО и секоја година избираме различна тема што ни помага да дојдеме чекор поблизу до искоренување на гладот до 2030 година. Настаните се организираат во над 150 земји низ целиот свет, што го прави еден од најпознатите денови во календарот на Обединетите нации.

Светскиот ден на храната годинава се фокусира на потребата од обезбедување здрава и одржлива исхрана физички и ценовно достапна за секого. Ова бара од сите нас да почнеме да размислуваме за тоа што јадеме и да се осигураме дека се храниме здраво. Постигнувањето на Целта за одржлив развој – Нула Глад (Zero Hunger) не се однесува само на прехранување на гладните. Станува збор и за здравата исхрана на луѓето, која вклучува доволно разновидна, безбедна и храна со доволно хранливи материи – истовремено одржувајќи го здравјето на планетата од која сите зависиме./Makfax

Спонзорирано: