14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Големи затворски казни за две жени поради обид за напад врз Нотр Дам

Француски суд осуди две жени поврзани со исламските екстремисти на минимум 25 години затвор, поради тоа што пред три години спровеле неуспешен обид за напад со автомобил бомба пред катедралата Нотр Дам во Париз.

Според пишувањето на француски „Фигаро“, едната од жените ја охрабрила другата да и се придружи, претставувајќи се на интернет како екстремистички милитант кој се вратил од Сирија и на тој начин сакал да најде жена.

Во зората на 4. септември, полицијата пронашла сив автомобил марка „пежо“ без регистарски таблички во кој имало седум контејнери со плин и три канистри со бензин. Автомобилот бил паркиран на левиот брег на Сена близу катедралата, а врз основа на догорчињата од цигари и ќебето натопено во бензин, истражителите заклучиле дека станува збор за неуспешен обид да се предизвика експлозија.

Отпечатоците од прсти укажале на две лица, Инес Мадани и Орнела Жилигман, кои го паркирале возилото откако видео во кое преземаат одговорност за нападот испратиле до Рашид Касим, француски член на Исламска држава.

Мадани, која се претставувала како машки џихадист, е осудена на 30 години затвор, додека Жилигман, инаку мажена жена и мајка на три деца, е осудена на 25 години./Makfax

Спонзорирано: