5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Рама: Не очекувам датум за преговори со ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама не очекува Албанија следната недела да добие датум за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ.

Рама изјави дека не е оптимист во врска со започнувањето на преговорите на Албанија и Северна Македонија со ЕУ, за што Европскиот совет треба да одлучи следната недела.

„Дали сум оптимист? Не“, изјави Рама за весникот „Ајриш Тајмс“.

Тој додаде дека не може да биде оптимист доколку реално се согледаат случувањата во ЕУ.

„Јас сум оптимист за иднината на земјава, но не и за тоа што ќе се случи следната недела. Ние сме колатерална штета. Тоа е како кога паѓаат бомби и ќе погодат градина. Ние сме таа градина“, изјави Рама.

Тој додава дека неговата земја не очекувала да стане членка на ЕУ следната недела и знае дека тоа не е можно, туку да бара почеток на преговорите кои би помогнале Албанија да стане членка во следните десетина години./Makfax

Спонзорирано: