22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пуџдемон: Пресудата за лидерите на Каталонија е свирепа

Поранешниот лидер на регионалната влада на Каталонија, Карло Пуџдемон, ја нарече „свирепа“ пресудата на Врховниот суд на Шпанија, со која каталонските водачи се осудени на затворски казни.

„Време е за реакција … за иднината на нашите синови и ќерки. За демократија. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на „Твитер“.

Пуџдемон го предводеше шпанскиот регион во време кога имаше обид за прогласување независност во 2017 година, за што им се суди на каталонските водачи.

На Пуџдемон не му беше судено затоа што избега во Белгија, каде што живее во егзил.

Шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година./Makfax

Спонзорирано: