6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од доаѓањето на власт во 2010 година.

Нов градоначалник на Будимпешта е Гергели Карашони, кандидатот кој беше поддржан од неколку опозициски партии. Според резултатите од локалните избори по околу 80 отсто од преброените гласови, Карашони освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлос, кандидатот на владеачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.

Унгарски медиуми јавуваат дека Тарлос веќе му честитал на својот ривал на победата.Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто./Makfax

Спонзорирано: