5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турската војска започна копнена операција во Сирија

Турските трупи и нивните сојузници од редот на сириските бунтовници влегоа денес во североисточна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, со што започна и копнена офанзива против борците од курдската милиција.

Претходно, турски воени авиони и артилерија гаѓаа позиции на курдските борци на почетокот од прекуграничната воена операција, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Сириските набљудувачи во курдските области велат дека најмалку седум цивили загинале во турските воздушни напади.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, објави дека загинале осум лица, меѓу кои и двајца христијански Асирци во градот Камишли, како и една брачна двојка со машко дете во близина на градот Тал Абиад.

Според АП, едно дете е убиено во село западно од Камишли, како и еден маж во Рас ал Аин.