Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев најави зголемување на прагот за станување ДДВ обврзник

Ќе се зголеми ли прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ?

Министерството за финансии работи на предлогот и наскоро треба да излезе во јавноста.

Ова го најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

„Прогресивниот данок е воведен, ние го викаме правичен. Во делот на физички и правни лица за лимитот на ДДВ од еден милион денари, Министерството за финансии работи на таа проблематика, бидејќи се уште нема методологија за поврат на ДДВ. Следните денови Министерството за финансии ќе излезе со податок во фукција на исполнувње на програмското ветување на оваа Влада. Ќе има промени, не знам дали ќе биде три мииони, два милиони, 2,5 милиони или слично, ќе има одредени промени како поддршка на економијата и севкупната потрошувачка на граѓаните“, изјави премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Европските берзи во пад, нафтата се искачи на речиси 98 долари

C +

Со нов визуелен идентитет и филозофијата „Unlock Interesting“, Diners Club International отклучува нова ера на соработки

ДЕСК

Вицегувернерката Митреска на конференцијата на „Џ. П. Морган“ во Виена: За побрз и поодржлив раст се потребни повисока продуктивност, дигитализација и диверзификација на економијата

ДЕСК