3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанскиот парламент го намалува бројот на пратеници

Италијанскиот Парламент изгласа намалување на бројот на пратеници за повеќе од една третина, како дел од уставните реформи за кои се залагаше движењето Пет Sвезди – М5С, што би можело темелно да ја промени политичката сцена.

Предлог-законот беше одобрен од речиси сите партии. Со него е планирано намалување на бројот на пратеници во Долниот дом од 630 на 400, а во Сенатот од 315 на 200.

Од М5С велат дека со тие намалувања што треба да стапат на сила на следните избори 2023 година, ќе се заштедат стотици милиони евра и ќе го направат парламентот поефикасен./Makfax

Спонзорирано: