Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината

Позицијата почесен претседател во ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укината, најави претседателот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24.

Тоа ќе се направи со донесувањето на новиот партиски Статут, но сепак вели дека тоа не е оградување од Груевски.

-Тоа е статут којшто е направен согласно реформите и динамиката во рамките на партијата. Тоа е статут направен како резултат на целосна и темелна анализа на нашите сестрински партии, вели Мицкоски.

Тој негираше дека не е точна констатацијата дека поранешниот премиер Никола Груевски од Будимпешта се уште ја командува партијата.

„Не, не е точна констатацијата. Би сакал повеќе да зборувам за реални теми, сиромаштијата, иселувањето, рекетирањето, криминалот, уцената на политичарите. Ако веќе зборуваме за Никола Груевски повеќе детали околу тоа може да ви даде господинот Зоран Заев.“ – рече Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК

ПРОВОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО? Странско знаме закачено пред касарната

ДЕСК