14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиуми манипулираат со стари слики и невистини за настан што се случил пред 5 години

СДСМ во целост ги демантира лажните информации во веста со наслов „Безбедноста позади политиката: Првите луѓе на АНБ на рапорт пред ген-секот на СДСМ“ објавена на веб порталот Курир дека наводно Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Јовче Ременски вработен во АНБ вчера присуствувале на партиски состанок, реагираат денеска од СДСМ.

Не точно, велат од СДСМ, дека Димовски и Ременски вчера учествувале на каква било партиска средба.

-Објавената фотографија не е направена вчера, туку пред 5 години, кога се подготвуваше програмата на СДСМ „Визијата за Македонија“ и станува збор за настан од отворен карактер на тема безбедност.

Со ваквата објава ВМРО-ДПМНЕ врши груба манипулација и преку порталите под негова контрола шири лажни вести и дезинформации.

Од веб порталот Курир и останатите медуиуми кои ја презеле веста бараме повлекување на невистинитиот текст и објавување на овој демант во целост, се вели во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: