19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ферута: Иран ја зајакнува соработката со ИАЕА

Иран ја зајакна соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави денеска генералниот директор на ИАЕА, Корнел Ферута.

Тој им рече на новинарите дека е во тек „ангажман“, но не го образложи.

Тој додаде дека напредокот е резултат на состаноци со разни високи ирански власти во последните неколку недели и дека тоа имало врска со неговиот повик во септември Иран да „преземе нешто“.

„Тоа е процес во тек … Не можам да замислам како ќе заврши. Ангажирањето не значи дека проблемите се целосно решени, но тоа е чекор во вистинската насока“, рече Ферута.

Во исто време, Иран продолжува да ги крши ограничувањата на договорите за нуклеарна активност чекор по чекор, како одговор на американските економски санкции.

САД велат дека санкциите ќе го присилат Иран да седне на преговарачката маса, додека Иран изјави дека нема да преговара се додека САД не ги укинат санкциите./Makfax