27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Трнодол

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Трнодол. Вчера во 8.00 часот на улица „Трнодол“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од И.Ф. и „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Р.Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М.Ф. се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје./Makfax