9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Завршено вештачењето на одземените предмети во „Рекет“

Неколку компјутери, лап-топ, мобилни телефони и други уреди кои беа одземени за вештачење во истрагата „Рекет“ се завршени.

Денеска адвокатот Сашо Дуковски најави дека ќе врши увид доказите кои произлегуваат од вештачењето на уредите.

Одземените предмети треба да откријат, каква била врската меѓу Бојан Јовановски и Катица Јанева во врска со предметите на СЈО.

Јовановски пред Судскиот совет на јавна седница детално раскажуваше за неговите две неуспешни операции и дека му е потреба итна хоспитализација.

Апелација се очекува одлука да донесе во текот на утрешниот ден.

До тогаш во притвор остануваат првоосомничениот Бојан Јовановски и третоосомничената Катица Јанева. Зоран Милевски – Кичеец се брани од домашен притвор.

Спонзорирано: