Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Боки 13: Животот ми е во опасност

Осомничениот во случајо Рекет Бојан Јовановски, на денешната седница во Апелација каде се одлучуваше по неговата жалба за укинување на мерката притвор рече дека ќе ја докаже невиноста.

Прво осомничениот во случајот Рекет/Поткуп, Боки 13-ка бара да биде однесен во болница поради компликации од хируршкиот зафат и влошената здравствена состојба.

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, на јавната седница на Апелација доставил медицинска документација која ги потврдува наодите на осомничениот Бојан Јовановски.

Јовановски ветил дека нема да бега, бидејќи како што рече живее за да ја докаже невиноста во случајот “рекет” и најави учество во една фер кривична постапка.

По седницата во апелација тој и неговиот адвокат во Обвинителството вршеа увид во доказите кои досега Рускоска и нејзиниот тим ги имаат собрано околу случајот.

Вештачењето е завршено, но нема информација кога Јовановски ќе даде исказ. Осомничените добија решение дека истрагата за случајот е завршена.

На ред за исказ е и осомничената Катица Јанева, која исто така врши увид во доказниот материјал.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +