3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Жена танцуваше во живеалиште на лав во зоолошката во Њујорк

Непозната црномурна жена изминатиов викенд влегла во живеалиштето на лавот во њујоршката зоолошка градина.

Таа мавташе и танцуваше пред него, додека тој само збунето гледаше кон неа.

Сведок на овој необичен настан рече дека најпрво мислел оти станува збор за исцениран настап.

„Таа само танцуваше и го поздравуваше лавот. Беше многу лудо“, изјавил Хернан Рејносо за Ен-би-си, кој го снимил целиот настан.

Портпаролот на зоолошката во Бронкс изјави дека персоналот добил информации за жена која ја прескокнала безбедносната ограда.

Зоолошката градина не се огласи за можна казна за жената, туку само предупреди дека сè можело да заврши со многу сериозни последици.

Спонзорирано: