Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина со онлајн прашалник за климатските промени

Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации во рамките на подготовка на Третиот двогодишен извештај за климатски промени преку онлајн прашалник го испитуваат јавното мислење за оваа тема.

„Целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали свеста и подготвеноста да се реагира на климатските предизвици е променета во изминативе три години, преку споредување на добиените резултати со претходните истражувања направени во 2014. и 2016 година“, се наведува во соопштението за прашалникот.

Во него се додава дека анализата на резултатите би помогнла за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор во креирањето и преземањето на поамбициозни климатски акции и напредок на земјава во исполнување на обврските поврзани со климатските промени.

Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на следниов линк.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК