Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Премиер ѝ подарил 16 милиони долари на манекенка што ја запознал на луксузна забава

Либанскиот премиер, Саад Харири, ѝ дал повеќе од 15 милиони долари на манекенка за костуми за капење од Јужна Африка, покажуваат судски документи.

Харири (49), кој е оженет и има три деца, ја запознал Кендис ван дер Мерве (26) во луксузно одморалиште на Сејшелските Острови пред шест години.

Тој ги наследил парите од својот татко Рафик Харири, кој беше убиен во 2005 година.

Судот во Јужна Африка соопшти дека парите ѝ биле префрлени на девојката кога тој не бил на власт.

Кендис ван дер Мерве изјави дека на Сејшелските Острови била донесена кога имала 19 години, а клубот во кој работела го посетувале некои од најбогатите луѓе во светот.

Таа истакнала дека работата на моделите била рутински да доаѓаат во клубот за да создадат чувство на гламур и ексклузивност за време на забавата.

Даночната управа тврди дека манекенката сè уште треба да плати данок на своето „ауди Р8 спајдер“, како и на џипoт „ленд ровер евок“.

Според судските документи, Ван дер Мерве ги тужи властите во Јужна Африка за 65 милиони долари поради обидите да го истражат нејзиното богатство.

Како што рекла, нејзиниот имот бил замрзнат за време на истрагата и поради тоа морала да продаде некои предмети.

Нејзиниот правен тим соопшти дека таа бара надомест поради влијанието на даночната истрага врз нејзината кариера.