6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата ја испитува мистериозната смрт на козите на остров во Варшава

Полската полиција ја испитува смртта на козите што властите ги испратија во Варшава на островот на реката Висла, со цел да ги избрстат џбуновите и со тоа на птиците да им обезбедат живеалиште за гнездење.

Едно лице, кое го посетило островот минатата недела, ги извести еколозите дека таму пронашол многу трупови на животни, пренесува АП.

Полицијата пронашла десет трупа на кози на островот, кои веднаш биле закопани, а 30 животни биле пронајдени во многу лоша состојба.

Мажот што требало да внимава на стадото изјавил дека наводно фрлил неколку мртви тела во реката по упатство на сопственикот на животните.

Еколозите, од друга страна, предупредуваат на потенцијални опасности врз здравјето.

Портпаролката на Градското собрание, Ева Рогал, изјави дека ветеринарите сè уште не ја утврдиле причината за смртта на животните, а властите се обидуваат да стапат во контакт со сопственикот на стадото.

Спонзорирано: