10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Саудиска Арабија ги отвора вратите за туристите

Саудиска Арабија првпат ќе ги отвори вратите за странските туристи со нови визи како дел од притисокот за намалување на нејзината економска зависност од нафтата. Ријад ќе покрене визен режим за 49 земји и ќе ги либерализира строгите кодекси за облекување на туристите.

Министерот за туризам, Ахмад ал-Катеб, го опишал ова како историски момент за земјата. Досега визите главно беа ограничени на аџии, бизнисмени и работници од странство. Новите визи ќе бидат достапни преку интернет за околу 80 американски долари, а повеќе детали, вклучително и кои земји ги исполнуваат условите за визи, се очекуваат подоцна во текот на денот.

Саудиска Арабија со ова се надева дека ќе обезбеди странски вложувања во туристичкиот сектор. Земјата сака туризмот до 2030 година да порасне од 3 на 10 отсто од БДП.

Со новите правила жените туристи нема да мора да носат наметки кои им го покриваат телото, а кои саудиските жени мораат да ги носат во јавност, но, сепак, ќе се бара скромно облекување. Исто така, нема да има ограничувања и за жените кои сами ќе ја посетат Саудиска Арабија.

На немуслиманите и понатаму ќе им биде забрането да ги посетат светите градови Мека и Медина, а останува и забраната за алкохол.

Ал-Катеб рекол дека не верува дека неодамнешниот напад на нафтената индустрија на Саудиска Арабија ќе ги одврати луѓето да ја посетат земјата.

„Нашите градови се меѓу најбезбедните во светот. Не веруваме дека тоа ќе влијае на нашите планови“, рекол тој.

Спонзорирано: