17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: По изборите во Косово, се вклучувам во проблемот со дијалогот

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека чека да завршат изборите во Косово за да се вклучи во решавањето на проблемите со дијалогот Белград-Приштина.

Тој ова го изјави во четвртокот на кратката средба со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, на крајот на која тој го поздрави српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти српското Министерство за надворешни работи.

За време на генералната расправа на 74. седница на Генералното собрание на ООН, министерот Дачиќ му честиташе на претседателот Макрон за неговиот одличен говор за време на неговата неодамнешна посета на Србија и му пренесе дека неговата посета е една од најдобрите посети на странски службеник во историјата на Србија.

Претседателот Макрон, кој беше придружуван од неговата сопруга Брижит, одговори дека тоа му била посебна чест и големо задоволство.

Тој исто така ѝ рекол на својата сопруга дека министерот има добар глас и дека прекрасно си поминал во Србија, се вели во соопштението.

Спонзорирано: