14.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на жртви од земјотресот во Индонезија

Бројот на жртви од силниот земјотрес на истокот во Индонезија порасна на 23 лица, соопштија индонезиските власти.

Агенцијата за вонредни ситуации информираше дека најголем дел од жртвите загинале за време на рушење на куќите и зградите.

Покрај тоа, во земјотресот повредени се над 100 лица.

Оштетени се најмалку 117 куќи и згради, а околу 15.000 луѓе се сместени во привремени живеалишта.

Земјотресот што вчера го погоди Амбон беше со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала.

Спонзорирано: