20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Нов протест на младите за климатските промени

Десет илјади ученици од Нов Зеланд се одѕваа на повикот за протести поради климатските промени на околу 40 јавни места низ целата земја обединети во првиот „меѓугенерациски штрајк“.

На последниот протест, одржан една недела по милионските протести на младите низ целиот свет, опкружени со родители и семејство, тие рекоа дека е време за промена.

Студентите до Собранието доставија петиција со 11.000 потписи во која се бара од владата да прогласи вонредна состојба во врска со климатските промени.

Тие, исто така, бараат повеќе да се работи на развојот на економија базирана на обновлива енергија.