17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Паника и вознемиреност: Силен земјотрес го погоди Истанбул, граѓаните на улиците

Прилично силен земјотрес со јачина од 5,7 степени го потресе турскиот град и економски центар, Истанбул, објави опсерваторијата Кандили и Институтот за истражување земјотреси во земјата.

Според информациите епицентарот на земјотресот бил на околу 70 километри западно од Истанбул во Мраморното море, јужно од градот Силиври.

Очевидци велат дека почувствувале како се тресат зградите во Истанбул, а граѓаните видно вознемирени од силниот потрес панично излегле на улиците.

Турција е трусно подрајче склоно на земјотреси.