Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Актерка тврди дека Путин и се додворувал: „Ме хранеше и ми подари дијамантски ѓердан, беше напорен“

Рускиот претеседател Путин важи за голем заводник, а неодамнешна анкета покажа дека секоја петта жена во Русија би сакала да се омажи за него.

Познатата австралијанска актерска Пита Вилсон вели дека одолеала на шарот на Путин.

Иако подоцна се испоставило дека нејзината приказна не е баш точна.

Актерката во 2001 година на московскиот фестивал кој го организирал режисерот Никита Михалков, била таму со тогашното момче Дамјан Харис.

Медиумите пишуваа дека Путин и претходно се запознал со Вилсон, наводно бил фан на серија во која таа глумела, а на фестивалот таа на шега му рекла дека би сакала да работи во неговата тајна служба, меѓута актерката тоа подоцна го искористила да каже дека Путин и се додворувал иако во тоа време бил во брак , па дури рекла дека обезбедувањето суптилно го извело надвр нејзиното момче за да може таа да остане насамо со Путин.

„Ми се додоворуваше. Беше напорен- ме хранеше и зборуваше за вотка. Моето момче беше до мене, но кога се завртев го немашеТоа беше како кошмар, рекла актерката. Наводно Путин и подарил ланче со дијаманти, но неа и станало непријатно и не знаела како да ги зибегне сето тоа па со насмевка чекала само да пмине.

Сепак домаќинот на вечерта, ги демантирал овие тврдења и го одбранил Путин.

Рекол дека актерката може само да сонува дека Путин и се додворувал и дека ланчето било обично.

Михајлов навел дека таа била пијана и флертувала со претседателот.

Спонзорирано: