11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

ВМРО ДПМНЕ го призна новото уставно име: Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го поздрави писмото во кое Милошоски употреби Северна Македонија

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија го поздравува писмото кое пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски го пратил вчера до колегите од Данска и Холандија, а во кое бара од нив земјата што поскоро да ги почне преговорите со Европската Унија.

„Во пресрет на сè поизвесното влегување во НАТО и очекуваното добивање датум за почеток на пристапаните преговори за членство во ЕУ, независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, го поздравува писмото кое колегата Антонијо Милошоски го прати вчера до колегите од Данска и Холандија. Посебно нé радува храбриот чекор на колегата со употреба на уставното име на Македонија, во кое стои и географската одредница северна. Прифаќањето на значајноста на уставните измени за позитивна одлука на ЕУ за пристапување кон европското семејство е вреден исчекор од висок преставник на партијата“, се вели во соопштението на независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија.

Се надеваме дека, додаваат пратениците, европските интеграции ќе допринесат за подемократска македонска иднина во која правото на сопствено мислење ќе биде високо вреднувано, наместо осудено.

„Ги охрабруваме сите да ја поддржат понатамошната интеграција на нашата држава, што не беше секогаш случај. Антонијо како добар познавач на овие процеси е одличен пример да се следи и апелираме секој да се обиде да допринесе кон посветла македонска иднина и прифаќање на позитивната промена како реалност. Македонците, Албанците, Бошњаците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Египќаните, Хрватите и сите граѓани тоа го заслужуваат“, пишува во соопштението на Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ.

Спонзорирано: