8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Во Јапонија откажани над 400 летови поради тајфун

Јапонските авиокомпании беа принудени да откажат 412 летови поради тајфунот „Тапах“ кој се приближува кон југозападниот остров Кјушу, а најмалку 5.000 станбени згради во префектурата Мијазаки останаа без електрична енергија поради скинати кабли, јави телевизијата „НХК“.

Сообраќајот на автопатиштата на островот се одвива отежнето.

https://www.youtube.com/watch?v=lhBJQ3gA0KU

Во југозападниот дел од Јапонија се очекуваат 300 до 350 милиметри дожд на метар квадратен во текот на денот, а локалните власти предупредуваат на можноста за појава на свлечишта во планинските краеви, пренесе „ТАСС“.

Според временската прогноза, тропската бура поради која вчера на островот Окинава беа повредени 20 лица, вечерва ќе стигне до Кјушуа.

„Тапах“ е седумнаесетти тајфун кој доаѓа до Јапонија од Тихиот океан оваа година.

Претходно месецов, три лица загинаа, а над 60 беа повредени во разорниот тајфун Факсаи.