7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Балканот се тресе: Над 60 земјотреси регистрирани во Црна Гора

По двата силни земјотреси кои вчера ја погодија Албанија, а многу силно се почувствуваа и во Црна Гора, Заводот за сеизмологија на Црна Гора регистрирал повеќе од 60 земјотреси со помала магнитуда, соопшти за РТЦГ сеизмологот Марин Чавелиќ.

Тој истакна дека по толку силни земјотреси вообичаена е серија помали, која, како што рече, сигурно ќе трае и во текот на следните денови.

„Силен земјотрес се случи и синоќа, седум минути после полноќ. Земјотресот беше со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а регистриран е на истата локација како и претходниот, 34 километри западно од Тирана, во Јадранското Море“, рече Чавелиќ.

Најмалку пет земјотреси се случија во текот на ноќта во регионот.

Спонзорирано: